Бело црвен свет
Author:
Дорота Масловска
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Бело црвен свет |
Num. of pages:
213 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
/
„Бело-црвен свет“ е возбудлив и луцидно напишан роман, набиен со многу енергија и црн хумор, кој ја открива мрачната слика на посткомунистичка Полска во која младите без образование и работа талкаат низ работничките гратчиња на Балтикот, каде единствени случувања се сексот, дрогата и конфликтите со Русите. Главниот јунак, Анджеј „Силниот“ Робаковски, е пандан на Селинџеровиот јунак од „Ловец во ’ржта“. Кога ќе го остави девојката во која е вљубен, тој го бара спасот од очајот во дрогата и сексот. Под превезот на класичната љубовна приказна се крие жесток бунт против општеството заробено меѓу Истокот и Западот, во кое капитализмот ги обезличува луѓето и ги претвора човечките врски во стока за широка потрошувачка.
Романот-првенец на Дорота Масловска е силен портрет на љубовта, безнадежноста и политичката реалност на Источна Европа. Веднаш по објавувањето стекна култен статус во Полска и ја смести Масловска меѓу највлијателните литературни гласови на европската културна сцена.
Брз и мошне збиен, роман што изобилува со бои, крајно несекојдневен... Веднаш се забележуваат сличности со Кафка, Гомбрович и Гедис.
Reviews
There are no reviews yet.