Биографија на гладот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 138 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Јас сум глад.

Преку филозофската призма на гладот, Амели Нотомб ја пишува својата автогеобиографија: детството и тинејџерските години минати во Јапонија, Њујорк и во Југоисточна Азија, осознавајќи го светот. Глад за љубов, глад за убавина, глад за книги, но и глад во вистинска смисла на зборот со сите позитивни и негативни исходи.

Со чувство дека другите ја ценат поради погрешни вредности, Амели се декларира како дете алкохоличар, жртва на групно силување на дванаесет години, тинејџерка анорексичарка – борец против сопственото битие на кое потребите и недостигот му носат страдање, а литературата и пишувањето спас. Мазохист за телото, а хедонист за духот, Амели нè води низ романот преку играта на гладот за да ни го предочи апетитот за животот.

Низ провокативниот стил и црниот хумор ја запознаваме вистинската Амели Нотомб, која ни кажува дека Јапонија за неа значи убавина, Кина – затвор, Њујорк – лудило, Бангладеш – смрт, а Лаос – немаштија.

„Несомнено најдоброто од Нотомб.“

Симон Марти, Маријан

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Биографија на гладот

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-270-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Биографија на гладот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in