Благодарам што постоиш
„Благодарам што постоиш” е книга која ќе Ве одведе на едно емотивно патување. Во неа на магичен начин се испреплетуваат три животни приказни.
Ела е млада жена, која по загубата на сопругот, одбива да го продолжи животот и се држи за страдањето како единствена нишка што ја поврзува со него.
Бајан е млада жена од Сирија која бега од војната и се доселува во Македонија.
Алекс е психолог чие дете има паранормални способности да комуницира со нефизичкиот свет.
Само „неслучајни случајности“ ќе ги поврзат тројцата за да си ги изменат животите.
Ова дело Ви претставува еден поинаков начин како да погледнете на животот и на светот околу Вас.
Исто така, Ве предизвикува да се спознаете себеси како моќно битие на кое Љубовта му е секогаш на дофат.
5 reviews for Благодарам што постоиш
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Искрена и Љубовна
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Длабока, мудра….чувство дека во нова димензија, нови светови.
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Прекрасни, длабоки размислувања за животот и како ние си ја ткаеме сопствената среќа, како секојпат имаме избор да ја избереме љубовта или стравот. Успешно пренесени мудри пораки преку приказните на Ела, Бајан и Алекс. Едвај чекам нови дела од авторката. Мара