Благородничка

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Jonkvrouw | Бр. на страни: 250 | Димензии: 14x21 | Корица: мека

Благородничка од Жан-Клод ван Рајкехем и Пат ван Бејерс е многукратно наградувано дело. Оваа книга беше пофалувана и почестена, поради тоа што историскиот роман за млади го направи повторно актуелен.
 
Литературни награди: Книжевниот Лав, Награда од Фламанското детско и младинско жири, Малиот Сервантес, Пофалница од  жирито Бакнеж, наградата Интерпровинциале.
 
Маргарет ван Мале има четиринаесет и пол години. Таа е престолонаследничка на Фландрија и сонува за белиот витез кој ќе ја поведе кон замокот во облаците. Но, сите витези кои таа ги среќава се премногу будалести за нејзиниот силен карактер и нејзината темпераментна природа. И еден ден, нејзиниот татко решава со кого таа ќе се омажи тоа лето...
Маргарет со свои зборови раскажува за нејзината лисичина коса која никогаш не може да биде уредна, за Вилем кој е господар на науката за бакнежи, за Родерик од чија вилица таа му искрши еден заб, за монахот Занекин кој смрди на кочина, за слободниот град Бриж и висечките натписи, за книгите на нејзината мајка со љубовни приказни полни со копнеж, за црвените улкуси на лицето на нејзиниот иден сопруг и за омразата која таа ја чувствува кон својот сопствен татко.
 - Умешно раскажаната приказна за четиринаесетгодишната Маргарет ван Мале која навистина живеела помеѓу 1348 и 1405 година, е премногу оригинална за да се остави така непрочитана да стои на полица.
De Groene Amsterdammer
- [...] прекрасно раскажан, фасцинантен роман кој нема да ги приклешти само младите, туку и повозрасните за фотелјата за читање и постојано длабоко ќе ги допира, преку неизменетата непосредност и одбивноста во облагородувањето на ужасот.
De Leeswelp

Цена: 549 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Благородничка

Категорија:
ИСБН: 9786082210964

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Благородничка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in