Богот на малите нешта
Author:
/
Publisher:
/ |
Language:
Македонски |
Year:
/
Original title:
The God of small things |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
/
|
Cover:
/
Романот Богот на малите нешта на индиската писателка Арундати Рој е првпат објавен во 1997 година во Делхи. Неговото објавување претставуваше вистинска сензација, освојувајќи го првото место на листата на најпродавани книги ширум светот, како и престижната Букерова награда.На југот од Индија, во областа Керала, оптоварена со табуа, касти и раси, се одвива приказната за забранетата љубов, за распадот на едно семејство и за детството прекинато преку ноќ. Арундати Рој не е хроничар на големите настани, туку раскошен толкувач на промените што се случуваат во животот на малите луѓе, во оној миг кога се наоѓаат, без сопствена желба и намера, во центарот на овие настани. Тука се близнаците Еста и Рахел, нивната убава мајка Аму, нејзината љубов, недопирливиот Велута. Вујкото Чако, којшто близнаците го гледаат како свој татко. Неговата ќерка Софи, Љубена од Почетокот. Баба Мамаџи, сопственик на фабрика за туршија и несудена виолинистка, Папачи, горд англофил и немилосрдна глава на семејството. Нивните животни судбини наликуваат на бујната вегетација низ која Арундати Рој нè води самоуверено и без сомнеж.Нудејќи ни ги како зрели плодови нивната Љубов, нивната Надеж, нивното Лудило и Бескрајна Среќа. Арундати Рој многумина ја нарекуваат „женскиот Достоевски“, а Салман Ружди ја вброи меѓу најдобрите индиски писатели на денешницата. Критичарите велат: „никогаш повеќе нема една приказна да биде раскажана како да е единствена...“
2 reviews for Богот на малите нешта
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Fenomenalna, mnoguslojna, …vonzemna kniga.Kniga za ciitac na knigi.