Братучед ми доаѓа

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Најдобрата кинеска литература за деца - антологија | Бр. на страни: 210 | Димензии: 200х140 | Корица: тврда

БРАТУЧЕД МИ ДОАЃА- Ќин Венѓун ТВРДА КОРИЦА Ќин Венѓун (родена во 1954, во Шангај), е реномирана кинеска писателка чии книги се издадени повеќе од пет милиони примероци, вклучувајќи ги и Ученикот по име Ѓиа Ли, Ученичката по име Ѓиа Меи, Историја на детскиот ум на едно девојче, Улицата Тиантанг број 3, Главното бебе, Денови на лудории, Таотао, Малото девојче по име Лин Сиаоми, Нова биографија на малата Сианггу, Сончогледот што танцува, Шеснаесетгодишната дама и други. Има добиено над 50 награди, меѓу кои и највисоките книжевни награди во Кина. Некои од нејзините дела се адаптирани во ТВ-драми и филмови и се наградени. Повеќе нејзини дела се преведени на англиски, јапонски, германски, холандски и корејски јазик. Во март 2011 година, таа ја оформи познатата Читалница „Малата Сианггу“ во Шангај. Изборот „Братучед ми доаѓа“ содржи 12 раскази, првенствено наменети за тинејџерска возраст. Заедничко за сите нив е што во нив се третирани меѓучовечките односи, како меѓу младите ликови (децата), така и односите меѓу децата и возрасните. Во својот предговор на овој свој избор, Венѓун пишува: „Пишувам повеќе од 30 години и имам напишано преку шест милиони зборови. Се молам да имам волшебно пенкало коешто ќе ми овозможи да напишам блескави книги – дела со одредена доза хумор, но со длабока суштина. Светлината, без разлика дали понекогаш е силна или бледа, треба да сјае со вистинска емоција, мудрост и човечност. Секако, таа треба да биде исполнета и со своја посебност, со интензитет и со мирисот на авторската душа. Литературата за деца ми овозможува да ја држам главата „подигната кон небесата“. Почнувајќи од минатото, преку сегашноста, па до иднината, ми се чини дека нема да се задоволам со лесни и едноставни форми на пишување. Со тоа што се решив да пишувам, си поставив приоритет да стекнам уметнички концепти, стил, приказни, ликови и емоционалност... Мислам дека животот би бил прекрасен кога би имале пристап до четири нешта: читање книги, гледање филмови, пишување романи за деца и патување околу светот. Среќна сум затоа што мене ми се случија сите четири нешта во текот на изминативе три децении. Се сметам и за горда на себеси поради тоа што времето не ми ги одзеде искреноста при пишувањето и слободниот начин на размислување. Сè уште се радувам додека ги гледам инсектите и птиците како летаат и се држам до својот сон.“

Цена: 200 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Братучед ми доаѓа

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-088-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Братучед ми доаѓа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in