БРОДОВИ ОД ХАРТИЈА
Автор:
Ајшеѓул Челик
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
89 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
...ПОТРЕСНИ ПРИКАЗНИ ЗА ХРАБРИТЕ ЖЕНИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК, КОИ ЈА ПРЕБРОДУВААТ
СУРОВАТА СУДБИНА....
Јилдиз дојде тука од многу далеку.
Според зборот што му беше даден на татко ѝ, не беше пречекана со свадбарска поворка. Тие што дојдоа да ја пречекаат, што се собраа околу автомобилот, не видоа невеста со вел, туку мало девојче во бел фустан. Не го познаваше јазикот, а од лицето не можеше ништо да ѝ се прочита. Се обидоа да разговараат со неа со неколкуте арапски зборови што ги имаа научено од молитвите, но малото девојче никому не му одговори. Веројатно беше уплашено. Бидејќи имаше само дванаесет години и до сега не беше останала сама. Секогаш имаше куќа со едно перде во сенката на тополите, цвеќе што трепереше во саксиите, татко во соседната соба и веднаш покрај неа, сестра која се будеше од сон. Додека сега, во средина на повеќекратно непозната толпа луѓе со спуштен поглед...
Кон Јилдиз секој секогаш многу добро се однесуваше. Ја примија помеѓу децата од куќата ставајќи уште една лажица на масата. Таа правеше сѐ што правеа и другите, понекогаш работејќи по дома или помагајќи во кујната, а понекогаш во бавчата...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.