Чалик чамак
Author:
Трајче Кацаров
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2005
Original title:
Чалик чамак |
Num. of pages:
223 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Во книгата со пиеси Чалик чамак на Трајче Кацаров се објавени шест пиеси, кои се веќе изведени на театарските сцени во Македонија или надвор од неа: „Гард“, „Чалик чамак“, „Дефект“, „Војдан“, „Дворно место“ и „Долго доаѓање на петлите“. На пиесите им претходи пролог, кој е и своевидно творечко кредо на авторот, а објавен е и поговор на Мишел Павловски. Драмите на Трајче Кацаров, собрани во книгава, пред читателот претставуваат зрел и етаблиран драмски автор, автор со несомнено широки познавања кои дискретно, ненаметливо и над сè уметнички профилирано се пренесени во неговото творештво. Книгава ни го претставува Кацаров и како несомнен познавач на принципите на драмскиот израз, на потребите на сцената, факт кој впрочем, се потврдува и со податокот дека последниве години сè повеќе со своите дела е присутен на театарските сцени.
Questions and Answers
You are not logged in