Чејка и чајка
Author:
Вера Чејковска
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Чејка и чајка |
Num. of pages:
205 |
Dimensions:
20х13
|
Cover:
/
Зборови за кои не знаеме од каде доаѓаат.
„А, јас?! Досега мислев дека 'птицата Јас' е црвеношијка, која често прелетува низ моите песни, осамена или во јато! Ама, ете, тоа ти била птицата калуѓерка! Со перца-антени на главата! Да прима сигнали од небото! Или, пак, поинаку, со перца-дршки на главата, за кои небото ја држи во секој момент, иако ѝ дозволува да лета како што сака!.. 'Чејка' сум ако слетам во Македонија или во Чешка!.. Ако, пак, слетам во Полска, Украина или Белорусија, пивкам под друго име – 'чајка'! Во Белорусија дури можам да звучам и како пеење текст од некоја црковна книга!.. А, ако долетам во Русија, Булгаковиот ѓавол, Воланд, најпрво ми изразува задоволство што носам докази за неговото постоење! Вели дека тоа се, пред сè, моите потврди за постоењето на неговата спротивност: со калуѓерската качулка ја означувам посветеноста кон 'Божјото Јагне', Исус, а имам и удел во јатото што го вознесува 'Крстот' на небото! Потоа дека, со целото мое тело и однесување, јас сум едно изразито црно-бело двојство, го вклучувам во себе и него самиот, Воланд, и Исус!.. И – тој, Воланд, ме наградува! Ја разотвора целосно својата пелерина како лилјакот своите крилја за лет, па, со најпрефинети движења на својот волшебнички стап, ме престорува во прекрасна бела симетрија – морски галеб. Но, освен што ме остава да пивкам со претходното име – 'чајка', ми остава и по некоја црна дамка!“
1 review for Чејка и чајка
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –