Четворицата јавачи на апокалипсата

Publisher: Мартина | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Los quatro jinetes del apocalipsis | Num. of pages: 358 | Dimensions: 21 | Cover: тврда

Романот „Четворицата јавачи на апокалипсата“, заедно со романите на „Запад ништо ново“ од Е. М. Ремарк и „Збогум оружје“ од Е. Хемингвеј се става во ранг на најчитаните дела со тематика од Првата светска војна. Во САД романот постигна толкава популарност што се мереше со читаност на Библијата, а токму поради таа популарност според овој роман е снимен и истоимениот филм.      Атмосферата на војната, ужасите што таа со себе ги носи бешто се опишани во овој роман. Писателот ја доловува и политичката позадина на војната, моќта на манипулацијатасо јавното мислење и со средствата за информирање, кои во луѓето будат подготвеност да го убијат другиот и самите да загинат во војната што не ја предизвикале и чии вистински причини не ги разбираат. Првата светска војна е претставена со галопот на Четворицата јавачи на апокалипсата: Војната, Чумата, Гладот и Смртта, кои на земјата се појавуваат кога луѓето, поведени од својата алчност, забораваат на својата човечност. Човештвото повеќепати ја повторува истата грешка, како да не научило ништо од историјата, учителката на животот, што на овој роман му дава унирвезален карактер и симболизира остра критика на сите минати и идни војни.

      „....Не ѕверот не умира. Тој е вечен придружник на луѓето. Тој ќе се скрие и ќе крвари четириесет години... шеесет... цел век, но пак ќе се појави. Ни останува само да се надеваме дека неговата рана уште долго ќе крвари, дека ѕверот ќе се крие подолго време и дека никогаш нема да го видат генерациите што ќе го чуваат нашето сеќавање...“ (извадок од романот)

Винсенте Бласко Ибањез (1867-1928), авантурист и светски патник, републиканец и антикликалец, човек со непресушна енергија и многу таленти: сликал, се занимавал и со новинарство, се прославил и стекнал богатство, но диживеал и прогони, а од еден двобој едвај спасил жива глава.

 

      Во неговите дела обработува социјална тематика, без некоја посебна длабочина, но со голем шарм и допадливост во раскажувањето. Затоа не е чудно што некои негови дела се пренесени и на филмското платно. Попознати романи му се: „Меѓу портокалите“, „Мочуриште“, „Мртвите заповедаат“, „Крв и арена“....

Price: 500 ден

3 in stock

Compare
Sold By Мартина

Report an abuse for product Четворицата јавачи на апокалипсата

Category:
SKU: 978-608-4626-56-5

Questions and Answers

You are not logged in