Човек од костени

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Kastanjemanden | Бр. на страни: 486 | Димензии: 21 | Корица: /

Ако го најдеш, готово е. Тој веќе доаѓа по тебе. Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво. Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство? И дали сè е само случајност или можеби нешто многу позаплеткано? Времето истекува, а убиецот го продолжува крвавиот пир. За да ги спасат невините животи, детективите мораат да преминат преку меѓусебните расправии и да откријат кој се крие зад овие свирепи убиства. Едно е сигурно, неговата мисија не е завршена. И никој не е безбеден. КНИГА ШТО ДОЖИВЕА НЕВЕРОЈАТЕН СВЕТСКИ УСПЕХ НАСКОРО КАКО ТВ СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“ „Еден од најдобрите и најстрашните трилери оваа година… ќе ве хипнотизира вештината на новиот мајстор во жанрот.“ ‒ Киркус Ривјус „Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“ ‒ Њујорк Тајмс
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 500 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Човек од костени

Категорија:
ИСБН: 978-608-253-125-0

1 оценка за Човек од костени

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Одличен психолошки крими-трилер!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in