Човековата потрага по смисла
Автор:
Виктор Франкл
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
125 |
Димензии:
12,5 x 19,5 см
|
Корица:
/
Човековата потрага по смисла се мемоари што стаписаа многу генерации читатели со своите описи за животот во концентрационите логори на нацистичка Германија и со поуките за душевен спас и преживување на авторот Виктор Франкл. Токму тој, Франкл, од 1942 до 1945 година, бил држен во четири различни логори, вклучувајќи го и најозлогласениот, Аушвиц, додека неговите родители, брат му и неговата бремена жена исчезнале засекогаш.
Врз основа на личните искуства и искуствата на другите што ги лекува понатаму во својата практика како психијатар, Франкл објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но дека можеме да избереме како да се справиме со него, да најдеме смисла во него и да продолжиме напред со обновена цел за своите животи.
Човековата потрага по смисла е прогласена за една од десетте книги што извршиле најголемо влијание врз читателите во Америка. Мала по обем но голема по своето значење, таа веќе седумдесетина години не губи ни малку од својата актуелност. Досега е продадена во над десет милиони примероци и има над дваесет и пет интернационални изданија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.