Човековата состојба
Author:
Хана Арент
Publisher:
Артконект |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
The Human Condition / Hannah Arendt |
Num. of pages:
480 |
Dimensions:
15×23 cm
|
Cover:
/
Иако Хана Арент (1906-1975) во текот на својот живот генерално одбивала да го карактеризира своето дело како политичка филозофија, нејзините книги во последниве децении се исклучително влијателни токму при социо-политичките истражувања. Особено значајно е нејзиното истражување на човековиот капацитет за смислено политичко дејствување, што е централната тема на книгата Човековата состојба (1958). Повикувајќи се на античката филозофија и комбинирајќи феноменолошка анализа, критика на марксизмот и епистемолошко преиспитување, Арент успева да изгради став кој звучи храбро и шокантно и за денешниот читател – имено, да ја критикува науката со цел да ја промовира политичката активност на поединецот.
Questions and Answers
You are not logged in