Далеку, а блиску
Author:
Владимир Мартиновски
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Далеку, а блиску : македонско-јапонски книжевни врски |
Num. of pages:
188 |
Dimensions:
21
|
Cover:
/
Пред нас е книга посветена на јапонската книжевност и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина. Компаратистот Владимир Мартиновски ги анализира танките на Ки но Цурајуки и Оно но Комачи, хаику-бисерите на Кобајаши Иса и Јоса Бусон, патописите и песните на Мацуо Башо, романите на Сеи Шонагон, Јасунари Кавабата и Кензабуро Ое, поетиката на зен-приказните и на драмите на Чикамацу Монзеамон, а со серија есеи и огледи се осврнува и на значајни дела од современата македонска поезија, настанати во креативен дијалог со јапонската книжевност. Сите ја знаеме и неретко ја применуваме синтагмата „Блиску, а далеку“. Најчесто кога алудираме на некој неуспех, кој за малку ќе бил успех. Или кога мислиме на непознавањето на работи што ни се цел живот пред нос, а не сме ги забележале... Насловот на оваа книга на Владимир Мартиновски е своевидна инверзија на оваа позната синтагма. Можеби по читањето на овие 33 студии, огледи и осврти, кои претежно се однесуваат на класичната јапонска литература и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина, како и на еруптивниот интерес за хаикуто и за јапонската поезија во творечките лаборатории на современите македонски писатели, ќе можеме да помислиме, а дури и да кажеме: Далеку, а блиску!
Reviews
There are no reviews yet.