Дарба
Романот Дарба е последниот роман на Владимир Набоков на руски јазик и
претставува круна на оваа фаза од неговото творештво. Дарба е ода на руската
литература, дело што комуницира со творештвото на најдобрите руски класици.
Главниот лик на романот, Фјодор Годунов-Чердинцев, е млад руски емигрант кој
доаѓа во Берлин во почетокот на дваесеттите години, по завршувањето на студи-
ите во Кембриџ. Тој е писател-почетник кој сонува за книгата што еден ден ќе ја
напише, книга што многу наликува на Дарба.
Овој роман најдобро го илустрира објаснувањето на Набоков зошто пишува:
„За да уживам, за да совладувам тешкотии. Притоа не се поведувам по никакви
социјални цели, не сугерирам никакви морални поуки… Јас, просто, уживам да
создавам загатки и да ги придружувам со елегантни решенија“.
Questions and Answers
You are not logged in