Деград

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Деград | Бр. на страни: 128 | Димензии: 21 | Корица: /

Васил Георгиев влегува во кругот на најинтересните бугарски автори на кратки раскази во последниве дваесет години, „мудрец меѓу бугарските писатели“, а неговите книги се важен чекор во развитокот на бугарскиот краток расказ. Темите во расказите се разновидни, варираат од длабок андерграунд до политичка социјална проза, а според расположението, од романтичен реализам до брутален постмодерен експеримент, со изненадувачки и апсурдни сижеа и пресврти.

Објавувањето на збирката раскази Деград се вбројува меѓу најважните литературни настани во Бугарија во 2011 година, кога ја добива наградата „Хеликон“.

            Расказите на Георгиев тргнуваат од една препознатлива реалност за да најдат некоја нејзина необична перспектива преку која или целосно ја распрснуваат или излегуваат од неа. Потрагата по скриените аспекти на секојдневниот живот е една од клучните опсесии на авторот. Георгиев ја комбинира реалноста и фикцијата, препознатливи типични ликови се среќаваат со откачени ексцентрици. Често атмосферата е клучот за расказот, некој вид мека меланхолија што функционира како четврта димензија. Хуморот е непосреден и директен, но не површен, туку најчесто интелектуален. Расказите се одредени со силен урбан сензибилитет, писателот го гледа градот како место за средба каде што се случуваат парадоксите на постоењето.

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Деград

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-454-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Деград”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in