Денот кога не се разбудив
Автор:
Моџо Килингтон
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
72 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Обична сабота. Педесет и кусур годишниот Пол станува од спиење и во кујната гледа непознат човек, кој всушност е ангел испратен да го спроведе до Рајот. Сфаќа дека е мртов и има неколку часа да реши дали ќе оди или ќе остане. Времето го користи за посета на блиските луѓе, меѓу кои и неговата најголема љубов Мери. Чувството е поразително – неговиот живот е комплетно промашување. Дали да се врати да ги поправи работите или да замине засекогаш? Со дебитантскиот роман „Денот кога не се разбудив“ Моџо Килингтон ги предизвикува читателите да се преиспитаат себеси и својот живот, да размислат за вистински важните работи, пред да биде предоцна. „До кај и да бев, доста ми е од седење покрај себе. Ја сфаќате поентата, сега откако умрев, сфатив дека цел живот сум го промашил, ќе се вратам за околу половина час од мртвите, како што е договорот, и ќе го сменам животот. А вие сменете го додека не стигнете до овде, да ви каже нешто дедо.“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.