Деса

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Деса | Бр. на страни: 79 | Димензии: 21 см | Корица: /

„Деса размислуваше. Не разговарала вака, за музика, за што било досега, со никого. Се праша, зошто, ама навистина зошто го сака Бетовен... воопшто не ја интересираа животите на композиторите, нивните биографии, не размислуваше за нивните карактери и за тоа какви луѓе биле. Ништо што беше надвор од музиката не ја допираше. Како да излегуваше од себеси кога слушаше, како да го напушташе своето тело... најпрвин ја оставаше својата облека, чевлите, крутиот градник, килотите со висок струк, а потоа и кожата. Телото го оставаше на подот заедно со сè друго и лебдеше над нив, а потоа се вивнуваше и ја напушташе собата, па куќата, па овој град, овој свет и пловеше по небото и некако, не знаеше како, како да беше поблизу до Бога...“

Деса, жена-сон, тивка, приспособлива, непокорна, но свитлива, скротувачка на своите внатрешни ветрови и сили. Како довеано бело, лесно облаче среде модрите стратуси. Егзотична птица залутана во туѓо небо.

Големите соништа ги носи од Кратово во Скопје, каде што треба да се остварат. Но, новата средина значи и поголем избор. Поголемиот избор значи и поголеми шанси за грешни одлуки.

Во својот дебитантски ракопис, Ивана Трајаноска ни носи филигрански изработена приказна за несреќниот живот на една жена, за миграцијата и судирот на вредностите од мало место во големо, за погрешните животни избори и за тагата за непроживеаното.

Романот „Деса“ беше дел од најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2020 година.

Цена: 200 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Деса

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-326-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Деса”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in