Деца на злото (II издание)
Автор:
Миодраг Мајиќ
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Deca zla |
Бр. на страни:
400 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
/
„Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата! Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика. Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото? Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени. Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж. Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.