Децата и разводот : психологија на разводот од перспектива на децата
Author:
проф. д-р Драгана Батиќ
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Децата и разводот : психологија на разводот од перспектива на децата |
Num. of pages:
144 |
Dimensions:
5
|
Cover:
тврда
Во својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.
Reviews
There are no reviews yet.