Детството на Исус
Петгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
„Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. „Детството на Исус“ е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага.
„Најдобрите дела на Куци се вистински парадокс – на површината изгледаат неверојатно едноставни и јасни, а во суштина се нерешливи загатки. Растргнат помеѓу овие крајности, читателот секогаш е богато награден со врвно книжевно искуство. Токму затоа Куци е мајстор на својот занает.“
The New Yorker
„'Детството на Исус' е интригантна книжевна и метафизичка загатка, но истовремено и трогателна, длабоко емотивна приказна за секојдневната борба да се преживее и да се сочува човечноста.“
Washington Post
„Чудесен спој на сократовски дијалог, библиска егзегеза, реалистичка драма и авантуристички роман… Исклучителна книга со суверена убавина и смиреност.“
New Republic
„Куци во своите најдобри дела ги преиспитува и тестира границите на романот како жанр. Овој пат го користи сето свое мајсторство за оди до крајните граници на своето експериментирање. Резултатот е уште едно дело кое може да се смета за современ класик.“
The New York Times
Questions and Answers
You are not logged in