Детството на Каспар Хаузер

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Copilăria lui Kaspar Hauser | Бр. на страни: 240 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Напишан од двојна перспектива на тинејџер и на возрасен човек, „Детството на Каспар Хаузер“ е роман за созревањето, но и за распаѓањето на човекот под притисок на сложениот семеен живот (во кој се вклучени отсуството на таткото и присуството на неколкуте очуви), но и општиот хаос што владее во Романија во 1980-тите и 1990-тите години. Момчето ја започнува својата приказна со јасен глас, обидувајќи се од најразличните настани што се случуваат во текот на неговото проблематично детство на периферијата од Букурешт да создаде една за него разбирлива слика за светот. Но, растејќи во нефункционално семејство и во друштво на насилни другари, млади отпадници, станува збунет самотник. Во вториот дел го среќаваме младиот човек како се претвора во скептична, но разумна личност подготвена да го прифати својот дел во напнатата и честопати трауматична стварност на времето во кое живее. Ова е роман загатка, составен од повеќе приказни, и обид книжевно да се опише еден од најмрачните моменти од поновата историја на Романија. Книгата доби позитивни критики во матичната држава и доживеа три изданија за неполни четири месеци од објавувањето.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Детството на Каспар Хаузер

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-436-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Детството на Каспар Хаузер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in