Дева Марија и по втор пат искушена

Publisher: Дата ПЕСНОПОЈ | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Дева Марија и по втор пат искушена | Num. of pages: 78 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Дева Марија чекореше со крупни но сигурни чекори, од својот пат ги отстрани сите сопки, за кои другите мислеа дека не се големи препреки. Таа не одлучи да живее, таа одлучи што поскоро да роди свое потомство на кое ќе му се радува, кое ноќта ќе и ја преобрази во ден и обратно. Дали тоа беше прерано, во вистинско време со вистинска личност, немаше веќе ни секунда да одолговлекува и размислува, знаеше само дека сака да биде наречена мамо. Дали ќе биде сопружничка на човек достоен за нејзиниот интелект, физички и генерациски догледен за неа, не се запрашуваше. Во главата и одѕвонуваше она најитно, дур не станало прекасно. А таа мораше да побрза да го пресретне и одмине, дур тоа не ја одминало, по проценките на другите, ако не грешеа, којзнае?! Дали прогнозите се испоставија точни или ја забрзаа, па може можеше да почека, тоа само некоја космичка светлина и соѕвездие во кое е родена од некаде далеку и високо знаеше и гледаше. Тоа иднината ќе покаже дали имала уште малку време за погрешна, вистинска содрушка во животот. Толку беше силна, што цврсто научи да ги одврати камшиците на животот, кои прејако без прашање ја удираа. Впрочем најголемите битки ги добиваат најхрабрите херои, не мора да се крупни по конституција, разумот е најсилната алатка која ќе ги сузбие табуата и незнаењата на просечниот човек. Мора да се отскочи од тенката линија, на која по стаклени чевлички чекори животот, за да се појде од еден до друг крај, да се премостат една тага во нов брег на надежи. Се разбира ако не надојде од некаде некоја нова бура по којзнае кој пат, тоа никој не го знае. Ќе биде продолжена, во соодветен момент од животот кој следува, од кој авторката ќе исцрпи нова инспирација и сознанија, а воедно новиот главен лик доволно ќе созрее и порасне, па да дозволи да биде опишан. Верувам дека третото продолжение по подолг период, ќе ја долови кулминацијата на случувањата и храброста и жртвата на Дева Марија...

Price: 350 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Дева Марија и по втор пат искушена

Categories: ,
SKU: 978-608-246-190-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Дева Марија и по втор пат искушена”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in