Девојката од мочуриштето

Original title: Where the crawdads sing | Num. of pages: 343 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Гласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото. Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата. „Болно убава!“ Њујорк тајмс
Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 500 ден

5 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Девојката од мочуриштето

Categories: ,
SKU: 978-608-230-664-3

Издавачки центар ТРИ

1 review for Девојката од мочуриштето

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Прекрасна книга!

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in