Џез
Автор:
Тони Морисон
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Jazz |
Бр. на страни:
212 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
мека
Џез (1992) се вбројува меѓу најдобрите дела на нобеловката Тони Морисон. Во зимата 1926 година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада љубовница. На погребот, Виолета, жената на Џо, го напаѓа трупот на девојката. Оваа страсна, прониклива приказна за љубовта и опсесијата е исткаена од жестоки емоции, силни надежи и длабоки стравови. Живата музика и животниот стил од дваесеттите години во Харлем ритмички пул- сираат на страниците на Џез. Онака како што џез музиката често е нескротена, слободна и хаотична, така и настаните во романот се претопуваат, временските и просторните нишки се вплетуваат една во друга, минатото и иднината се мешаат, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.