Динамичниот модел на лидерството
Автор:
Милан Крајнц
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Динамичниот модел на лидерството |
Бр. на страни:
128 |
Димензии:
140/210
|
Корица:
тврда
Дали сте во потрага по начин за водење успешен бизнис? Дали се соочувате со кризен период во компанијата или во приватниот живот? Решението е во динамичниот модел на лидерство. Овој несекојдневен модел на лидерство се има докажано во надминувањето на многу професионални и лични проблеми, како и во успешното менаџирање на многу предизвици за тие да не се претворат во кризи. Тој ви нуди применливи стратегии за управување и организирање на бизнисот, како и за правилно комуницирање во една компанија, што доведува до високи резултати и задоволство од работењето. „Капетанот за кризни ситуации“ Милан Крајнц развил динамичен модел кој обезбедува ненаметлив начин за воведување промени во системот. Како што вели самиот, „во тој процес се користат ментални вежби и организациони пристапи кои ни помагаат да се ослободиме од нашите товари од минатото низ седум фази на трансформација, по што сфаќаме дека целиот свет е внатре во нас и дека токму ние сме тие што треба да се развијат ‒ и тоа однатре! Тоа е начинот на којшто можеме да си ја најдеме целта на постоењето и да ја развиеме посветлата страна на нашите животи“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.