Дневникот на длабоките тајни

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 162 | Димензии: 205x130 | Корица: мека

Возбудлив роман чие дејствие сe случува под староградските ѕидови во татковината на романтичарската љубов – Италија. Сторија пребогата со случувања во кои родителот – Марвел, просто заборавил на своите деца, на сопругата, обврските кон својата компанија и се впушта во авантури и ризични потфати.
Донела, неговата единствена ќерка, минува низ вистински психолошки кошмари. Од најраното детство е во потрага по својот брат и по биолошките родители.
На тоа се надоврзува и сообраќајната несреќа по која кошмарите покрај психолошката, добиваат и физичка реалност.
Младата авторка Верица Мукоска ткае една современа новела, приказна во приказна, со многубројни настани, емоции, конфликти и зближувања...
Верица Мукоска е родена на 10 март 1999 година во Вевчани. Стихови почнала да пишува уште во најраните детски денови и во издание на „Бата прес“ во 2009 година, ја објави стихозбирката „Стихови од срцето на природата“. Основно училиште завршила во родното место, а гимназија во 2017 година во Струга.
Романот „Дневникот на длабоките тајни“, е нејзино прво прозно дело.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Дневникот на длабоките тајни

Категорија:
ИСБН: 9786082530420

1 оценка за Дневникот на длабоките тајни

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in