Долгиот живот на Маријана Укрија
Author:
Дачија Мараини
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
La lunga vita di Marianna Ucria |
Num. of pages:
286 |
Dimensions:
140х205
|
Cover:
мека
Долгиот живот на Маријана Укрија нè запознава со мрачната и полна со противречности клима во Сицилија при крајот на 18 век. Додека во Европа се слави Векот на просветителството, во Палермо и натаму има јавни бесења, извршување на смртни казни од инквизицијата, склучување брак од интерес со договор меѓу семејствата и насилни замонашувања. Задача на тамошната жена е да „се омажи, да раѓа деца, да ги омажи ќерките и тие да раѓаат деца и да ги омажат своите ќерки во имотни семејства“ и така во недоглед, сè со цел да се сочува потомството и меѓусебно да се поврзат големите и богатите палермиски семејства. И Маријана ја дели истата судбина како нејзините сестри и братучетки. Принудена е на само тринаесет години да се омажи за својот вујко, стар ерген, сè со цел да не се загуби неговиот имот. Но Маријана е поинаква, таа е глувонема, а токму од оваа инвалидност таа ќе ја црпи силата да се воздигне над затвореноста, ограниченоста и дволичноста што ја опкружува, да излезе од својот свет на тишина населен со звучни сеќавања, и како зрела жена да доживее вистинска, страсна љубов.
За овој роман, Дачија Мараини го доби престижното италијанско признание за литература, Премио Кампјело.
Reviews
There are no reviews yet.