Доротеа Мерц
„Доротеа Мерц“ е книга која ги раскажува животните случувања на главната хероина, почнувајќи од нејзината младост па сè до крајот на животот.
Приказната започнува кога младата Доротеа, девојка од богато буржоаско семејство, заминува да живее и да се образува во друг град. Токму новиот град е местото каде го запознава некогашниот поручник Рудолф Мерц, кој во тој момент работи на позицијата постар директор во фабрика за машини. За кратко време таа стапува во брак со него и заминуваат да живеат во убавата вила во внатрешноста, која Рудолф ја изградил имајќи предвид дека еден ден ќе има семејство. Семејството се проширува, тие добиваат два сина, и се чини дека нештата секојдневно стануваат сè подобри за во еден момент сето тоа драстично да се промени.
Рудолф одеднаш сериозно се разболува и го замолува неговиот брат, Ерих, да го преземе водењето на фабриката. Иако не почетокот Ерих изгледа како да се колеба, веднаш по смртта на неговиот брат станува сосема јасно дека тој уште многу одамна имал сосема поинакви планови. Имајќи го управувањето на фабриката во свои раце, тој има намера да ја избрка Доротеа од вилата, давајќи и минимална пензија, како тој и неговото семејство би се преселиле таму.
Но неволјите на Доротеа не запираат, тука е и нејзиниот син кој мора повторно да оди на операција заради проблемите кои ги има со ногата.
„До кој степен може да оди човечката суровост и желбата за богатство и моќ и дали постои момент кога тие може целосно да се задоволат?“ е прашањето кое нема да ви дозволи да ја оставите книгата сè додека не дојдете до последната страница.
Reviews
There are no reviews yet.