ДРАКУЛА
Author:
Брам Стокер
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
DRACULA |
Num. of pages:
403 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
мека
/Романот „Дракула“ е Стокеровиот убедливо најпознат роман и е веројатно еден од најпознатите хорор-романи воопшто. Бил препечатуван многупати, бил повеќе пати успешно адаптиран за филмското платно, а веќе стотина години продолжува да се продава во огромни тиражи. Во „Дракула“ изобилуваат алузии и преданија кои му ја надополнуваат и онака богатата романескна повеќеслојност. Не изостанува ниту цитатноста како книжевна техника бидејќи во вампирската приказна Стокер успева да вметне парафрази и цитати од драмите на Шекспир, од поетот Лорд Бајрон, како и алузии за настани од Светото писмо без кои ритуалите, мотивите и симболите во романот би останале несфатени. Главната стилска одлика во романот е, секако, епистоларниот израз. „Дракула“ заедно со „Франкенштајн“ на Мери Шели го претставуваат јадрото на западната поетика на хоророт без кое би биле незамисливи остварувањата на некои денешни големци на хоророт како Стивен Кинг, Клајв Баркер и др.
Questions and Answers
You are not logged in