Драми

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 256 | Димензии: 20 | Корица: мека

Харолд Пинтер е еден од најзначајните претставници на британската драматургија во XX век. Неговото дело е тесно поврзано со творештвото на Достоевски, Чехов, Бекет, Џојс, Пруст, Кафка. Во овој избор се вклучени пет пиеси – „Роденден“, „Враќање дома“, „Стари времиња“, „Неверство“, „Ај’ уште по една“ – кои ја прикажуваат суштината на неговото драмско творештво.

Драматургијата на Пинтер се засновува врз исклучителната концентрација на реализмот кој на моменти преминува во натурализам, како и врз потребата да ја исклучи класичната композиција, да го отстрани заплетот со сите претходни елементи. Паралелно на тоа, тој го проблематизира идентитетот на ликовите исклучувајќи ги јасните дејствија кои ги откриваат мотивите и нивната психологија.

Пинтер е автор чиј говор е изразен со јазик кој трепери од неспокојства, содржи паузи и изобилство од пукнатини во соопштените значења, тоа е јазик на автор кој се потпира врз тишината и ограничувањето на количеството на соопштени ставови. Пинтер создава текстови исполнети со неизречени, скриени и затворени вистини, кои постојано упатуваат на сложеноста на животната реалност...

„Еден од најсуштествените уметници што го создаде XX век. Делото на Пинтер навлегува под нашата кожа повеќе од кој било друг современ драматург.“
Њујорк тајмс

„Најфасцинантниот, енигматичен и реализиран драматург во англискиот јазик.“
Њузвик

„Несомнено Пинтер е највлијателниот и најважен мајстор во англискиот театар.“
Тајмс литерари суплемент

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Драми

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-342-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Драми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in