Драми (избор)
Author:
Тенеси Вилијамс
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
/ |
Num. of pages:
428 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
/Дека Вилијамс не е автор на проѕирни, тематски поедноставени драми може да се заклучи од кој било негов текст. Тој е постојано и морбидно преокупиран со човечките аберации: насилство, силување, промискуитет, нимфоманија, хомосексуалност, инцест, лудило, дрога, алкохолизам, канибализам... Во тоа се насетува влијанието на англискиот писател Д. Х. Лоренс, кој ги тематизира фрустрациите што настануваат при судирот на еротските импулси со социјалните стеги и класните норми. Уште повеќе, во драмите на Вилијамс одекнува ехото на американскиот натуралист и „проколнат поет“ Харт Крејн, хомосексулец како и Вилијамс, чии стихови стојат како мото на драмата Трамвајот наречен желба. Преку Крејн, Вилијамс ќе го прифати пишувањето како чин на себеспалување со кој се открива интимата. Вилијамс уште признава дека е опседнат со Антон Чехов, рускиот класик, автор на осаменички, мелодрамски ликови. Иако употребен во друг контекст, со терминот на писателот Бернард Шо веројатно најдобро можат да се опишат текстовите на Тенеси Вилијамс: тие се „непријатни драми“.
Reviews
There are no reviews yet.