Дрвото сладок портокал

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: 甜橙树 | Num. of pages: 188 | Dimensions: 200 х 140 | Cover: /

(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“) МЕКИ КОРИЦИ / „Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е и автор на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски фестивали во Кина и во светот. Цао Венсјуан, во воведната белешка пишува: „Куќата е дом. Куќата е најстарото сеќавање за луѓето. Куќата е поврзана со човечкото разбирање на концептот на домот. Домот е засолниште, место на топлина, место за одмор на душата и основна причина за продолжување на животот. Всушност, многу работи што се случуваат во светот се поврзани со домот. Среќата, страдањето, отфрлањето, молитвата, борбата, повлекувањето, жртвата, бегството, војната и мирот се поврзани со домот. Илјадници луѓе се бореле во минатото, вревата од битката ечела, а крвта била насекаде на бојното поле, само за да го одбранат домот. Домот е светост како гнездо на врвот на висок багрем... Значењето на домот е бесконечно. Кога пораснав, желбата за правење куќи во моето детство не исчезна, туку се засили со возраста и со продлабочувањето на перцепцијата за животот. Но, материјалот веќе не беше кал, гранчиња и плевел или коцки, туку карактери. Куќата на карактерите (* – кинески букви) е мое светилиште – мое духовно светилиште... Со текот на годините, напишав многу карактери и објавив многу книги, во кои всушност ја градев својата куќа. Куќата не е изградена само за мене, туку е изградена и за вас, ако не ви пречи.“

Price: 150 ден

10 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Дрвото сладок портокал

Categories: ,
SKU: 978-608-252-168-8 - меки корици

Questions and Answers

You are not logged in