Егоманијак
Author:
Вај Киленд
Publisher:
Сакам Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Egomaniac. |
Num. of pages:
320 |
Dimensions:
21
|
Cover:
тврда
Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа го нападнав со моите новостекнати боречки вештини. Тој лесно ми се спротивстави, а потоа се изнасмеа затоа што очигледно мојот обид за напад му беше комичен. Многу јасно дека натрапникот мораше да биде арогантен. Само што, се покажа дека тој воопшто не бил натрапник. Дру всушност беше сопственикот на просторот. Бил на одмор за време на реновирањето на неговите луксузни канцеларии. Па така јас наседнав, закупувајќи зафатен деловен простор од измамник и изгубив десет илјадарки. Следниот ден, по неколку часа во полициската станица, Дру ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Ми понуди да останам во канцелариите додека не најдам нов простор, а во замена за тоа да одговарам на неговите телефонски повици додека неговата секретарка е на одмор. Веројатно требаше да бидам благодарна и да си ја држам муцката затворена кога го слушав какви совети им даваше на неговите клиенти. Но не очекував моето тело да реагира така секојпат кога се расправавме. Особено со оглед на тоа дека се расправавме цело време. Ние бевме тотално различни. Дру беше огорчен, лут, проклето секси уништувач на врски. А јас им помагав на луѓе да си ги спасат браковите. Единственото заедничко нешто ни беше просторот кој го делевме. И фатална привлечност која беше сѐ потешка за игнорирање со секој изминат ден.
Reviews
There are no reviews yet.