Егзодус на штркови

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Exodus of storks | Num. of pages: 386 | Dimensions: 140х200 | Cover: /

„Егзодус на штркови“, добитникот на Националната награда за книжевност на Малта за 2014 година и на Европската награда за литература за 2017 година, е сложен и повеќеслоен роман за војната и егзилот, идентитетот и раселеноста, но исто така и за љубовта и семејството во тешки времиња. Ја раскажува приказната на Набил, Палестинец кој цел живот живеел надвор од татковината и завршува на Малта.

Валид Набан, една од ѕвездите во подем на современата малтешка книжевност, користи автобиографски елементи за да го изгради наративот на својот прв роман. Неговиот протагонист го живее поголемиот дел од животот во Јордан, отуѓен од семејството во Палестина. Трауматизирачкото искуство на раселеност и неприпаѓање го обележува живтот на Набил до самата негова срцевина и, како што напредува романот, тој доаѓа до заклучок дека неговиот живот е неизбежно испреплетен со судбината на Палестина.

Вториот дел од романот се случува на Малта каде што Набил завршува подоцна во животот. Таму, тој повторно може да си ја преиспита својата животна приказна и да го реконструира својот идентитет низ начинот на кој неговите нови пријатели и познајници ја гледаат и ја толкуваат неговата биографија. Набил така успева да го преобрази својот егзил во некој вид искупување. „Егзодус на штркови“ е напрегнат и убедлив наратив, добро напишан, сложен и исклучително трогателен. Романот ни нуди многу редок поглед врз животите на „вистинските“ Палестинци: нивните мисли, нивното однесување и нивниот дијалог резултираат од она што авторот самиот го искусил, а не од она што само го набљудувал. Ова е дело од љубов а не само производ на имагинацијата – и тоа го прави ова дело толку единствен претставник на својот жанр.

Price: 550 ден

5 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Егзодус на штркови

Categories: ,
SKU: 978-608-223-660-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Егзодус на штркови”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in