Економија на микрофинансирањето
Микрофинансиската револуција им овозможи на повеќе од 150 милиони сиромашни луѓе ширум светот да добијат мали кредити без гаранција и да имаат осигурување. Во оваа книга читателите се запознаваат со клучните идеи што го активирале процесот на микрофинансирање, разгледувајќи ги притоа и прашањата во врска со штедењето, осигурувањето и мерењето на влијанијата.
Трендот на микрофинансирањето особено зема замав во 2005 година кога Обединетите нации таа година ја прогласија за година на микрокредитирањето, а уште повеќе се актуелизира во 2006 година кога Мухамед Јунус, еден од пионерите на микрофинансирањето, ја доби Нобеловата награда за мир. Оттогаш, па до денешен ден, микрокредитирањето бележи постојан раст. На таа тема сè повеќе се зборува во медиумите, се прават нови истражувања и се разгледуваат нови можности за развој.
Придонес кон овој глобален тренд даваат и авторите на оваа исклучителна книга, кои уште повеќе го прошируваат своето објаснување за микрофинансирањето, навлегувајќи во областа на самото финансирање. Беатриз Армендариз е професор по економија на Катедрата за економија при Универзитетот „Харвард“, а Џонатан Мордак е професор по јавна политика и по економија на Факултетот за јавна служба „Вагнер“ при Универзитетот „Њујорк“.
Тие пишуваат за тоа што веќе го знаеме и за тоа што треба да го знаеме, како би продолжиле напред со нови идеи за намалување на сиромаштијата, за финансирање и за стимулирање. Оваа книга е прекрасен придонес кон таа цел, пренесувајќи едно големо искуство во микрофинансирањето и длабоко разбирање на економијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Економија на микрофинансирањето
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –