Чист Хероин

Publisher: ПНВ Публикации | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Чист хероин | Num. of pages: 100 | Dimensions: / | Cover: мека

Книгата е составена од 40-тина куси раскази, кои слободно можеме да ги наречеме и одломки, исечоци од животот овде и сега. Во нив ги има празните улици и тескобата на градот, лебарките во болниците, дупките во калдрмите, смрдеата на јавните тоалети и душевните болници, ситните души заборавени на наплатните пунктови со јажиња околу вратот… Во нив е потзаскриена и љубовта како кафез и цивилизациска измама, храмот како дом на лицемерието и религијата како штит на слабите. Таму се ирационалните луѓе, и инаетливите, и пркосните, и осамените, а највеќе маргинализираните, несфатените, неправедно осудените и озборуваните, полумртвите затвореници во сопствените домови и животи… Очигледно Дејан го опседнуваат темите за минливоста на времето и животот како чекање на смртта, дарбата како проклетство, егоизмот на луѓето денес, насилството од навидум банални причини (но всушност поради товарот на секојдневието), гневот, лутината, радоста, стравот и тагата и нивната постојана битка во душата на човекот, човештвото заталкано некаде помеѓу хедонизмот и безчувствителноста, совеста и сите други магионичарски трикови преку кои ја изведува својата потрага по смислата на животот. Наместа со речиси фантастични елементи и некое надреално лебдење меѓу сонот и јавето, но всушност секогаш со еден суров приказ на реалноста без разубавување, со сета нејзина мрачна страна, со сите горливи проблеми на човекот и човештвото денес. Крстески не ги затвора очите пред вистината, па исцртува навистина минуциозни, хируршки прецизни согледувања на апсурдноста и гротескноста на светот што не опкружува. Истовремено, тој прави и длабоки интроспективни анализи на менталните и душевни состојби како растроеноста, лудоста, себичноста, тагата… Токму затоа и веруваме дека и покрај доминантно мрачната приказна која ја слика Крстески, а која напати може да создаде горчлив вкус кај читателите, збирката претставува инспиративно четиво, замислено со цел да ја испровоцира реакцијата на публиката против тој и таков свет кој го обеспокојува авторот, а во насока на некој подобар, похуман, посреќен…

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By ПНВ Публикации

Report an abuse for product Чист Хероин

Category:
SKU: 978-608-4641-79-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Чист Хероин”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in