Есен во Венеција

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Autumn in Venice: Ernest Hemingway and his last muse | Бр. на страни: 311 | Димензии: 21 | Корица: /

Во есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело. Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето. Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.

Цена: 450 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Есен во Венеција

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-766-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Есен во Венеција”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in