Евангелието на трите самовили
Романот е исечок од животот, драма за барањето на идентитетот градена како словенска антитеза: појава, нагаѓање, погрешно одгатнување и на крајот откривање на болната вистина со што романот заличува на детективска приказна, но без криминалистички елементи. Всушност, во двете напоредни приказни во романот со една цел да се прикаже не само трогателноста, туку и повторувањето и портретирањето на една потресна и трагична судбина, секоја можност за одгатнување на тајната, води на погрешен пат сѐ до крајот на романот кога читателот конечно ја сфаќа целата иронија на судбината на еден народ осуден да биде вечно раселуван по цела планета и во туѓи земји да живее, а својата само да ја сонува и по неа да тагува.
Проф. д-р Георги Сталев
*
Главниот лик во романот – новинарот Дејан Грбески, наречен Чакар, дури на својата дваесет и петгодишна возраст е принуден да почне едно необично, колку истражувачко толку поразувачко патешествие, низ уште понеобичниот животен лавиринт низ кој се испреплетуваат неколку клучни триаголници кои не се само симболични клучови за откривање на судбинската тајна, туку се суштинска рамка на неговиот живот кој како целиот да е заробен во некаков митски триаголник во што се вклопува и насловот на романот.
1 review for Евангелието на трите самовили
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –