Фердидурке
Автор:
Витолд Гомбрович
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Ferdydurke |
Бр. на страни:
336 |
Димензии:
180x110
|
Корица:
/
Фердидурке, или – Големата маскарада, метафоричен роман на Витолд Гомбрович, прогласен за најпознатиот и најкреативниот полски роман на XX век, преведен од огромен број светски јазици.Главниот лик на романот е 30-годишниот почетник-литерат Јузефчо, кој е неочекувано посетен од бескомпромисниот професор Пимко и е вратен назад во школо. Сегашноста одеднаш се наоѓа во минатото и станува реалност за Јузефчо. За време на престојот во школото е изложен на процесот на таканареченото „напупување“, односно на процесот на инфантилизацијата на школската младина. Следуваат голем број гротескни и сатирични перипетии, кои со својата иреалност, имагинација и зборовите-клучеви, го водат читателот низ романот до самиот крај, не оставајќи го да здивне.Големата маскарада може да започне!
Questions and Answers
You are not logged in