Фундаменти на криптоиндустријата

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Фундаменти на криптоиндустријата | Бр. на страни: 126 | Димензии: 20 | Корица: мека

Прва книга во регионот од наш автор специјалист за криптовалути!

Целта на „Фундаменти на криптоиндустријата“ е секој почетник да ги научи основите на криптосветот, а за тие што веќе се навлезени во темата да го прошират и да го надградат своето знаење.

Во оваа книга ќе научите за блокчејн-технологија, за криптовалутите, за децентрализирани апликации и за протоколи. Тука ќе научите дека повеќето криптовалути презентираат одредена мрежа, апликација и дејност на различни проекти.

Инвестирање во криптовалути е генерациска можност за градење финансиска независност, но тоа е возможно само по пат на едукација.

„Јас верувам дека економијата на светот првенствено се темели на принципи кои не се засновани на природата. Тие се премногу централизирани и ги одземаат нештата што ги прават луѓето посилни.

Новата блокчејн-технологија првпат ги ослободува луѓето од болката и од стравот што доаѓа со оваа централизирана економија. Сигурен сум дека во иднина сè ќе биде токенизирано, но главна и најважна крстосница за сите ќе биде насоката во која ќе се движиме: дали процесите ќе се случуваат централизирано или децентрализирано.

Денес живееме во свет на информации, но голем дел од тие што се пласираат во јавност се полувистинити; не се дообјаснети или се неточни, особено кога станува збор за криптоиндустријата. Мојот главен извор на едукација е од програмерите што стојат зад проектите, односно зад криптовалутите.

Главна цел ми е да ги едуцирам сите што сакаат да ја преземат контролата над своите финансии и да се приспособат на овој нов дигитален свет на финансии и технологии.“
Дарко Симуновски

Цена: 900 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Фундаменти на криптоиндустријата

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-593-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Фундаменти на криптоиндустријата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in