Гала – Дали
Автор:
Кармен Доминго
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Gala – Dali |
Бр. на страни:
320 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Во центарот на вниманието е една од најинтригантните жени во историјата на уметноста: Гала Дали. Гала доаѓа во Европа од царска Русија, а за неа се шири гласот дека умее да го извлече најдоброто од мажите. А таа отсекогаш паралелно имала многу мажи околу себе – мажи од различно потекло и возраст, кои ги водела насекаде, а најмногу во кревет. Салвадор Дали имал 25 години кога ја запознал. Таа – 11 години повеќе од него. Била во брак со францускиот поет, надреалистот Пол Елијар. Тоа не било пречка Гала да стане најголемата љубов на Дали. И не само што станала единствената жена во неговиот живот туку и била негова ултимативна инспирација. Како што и самиот изјавил, го спасила од лудило и од прерана смрт. Била единствената што можела да го следи и да го разбере сликарскиот гениј, а истовремено со својата поддршка создала од него еден од најголемите уметници на сите времиња! Дали и Гала се јунаците на една од најпосебните и најдолговечни љубовни приказни во историјата. Оваа книга е за нивната бурна врска.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.