Гаргара (2. издание)

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Гаргара (2. издание) | Бр. на страни: 186 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Во 2004 година, непосредно пред Портокаловата револуција, Орест, главниот лик во романот, отвора подземно кафуле во западноукраинскиот град Лавов. Го нарекува Гаргара, според името на кафулето што постоело во 1963 година на истото место. Старото кафуле во 1963 година исчезнало под неразјаснети околности. Од него останала само Книгата за пофалби и поплаки, која содржи два автобиографски раскази. Орест заедно со својата пријателка тргнува во ризична потрага по авторите на расказите во Книгата за пофалби и поплаки и истовремено се обидува да го расветли мистериозното исчезнување на кафулето во 1963 година. Ваков роман се дочекува на нозе ... Јазикот му „спие“ во стилот, стилот му „спие“ во структурата, структурата му „спие“ во одлично изведениот роман... Оливера Ќорвезироска Се чита полека, му се восхитуваш, му се радуваш како мало дете ... Настаните се толку динамични, толку возбудливи ... а описите се како врвно сценарио од филм. Александар Алексов Игор Станојоски влегува суверено во шумата на македонскиот роман со неверојатен арсенал на јазичка и политичка археологија на сеќавања ... Јордан Плевнеш Постојано виси прашањето што ќе се случи, или каде води ова, прашања кои цело време ве тераат напред и напред, прашања што на крајот се многу вешто решени... Фросина Пармаковска
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Гаргара (2. издание)

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-177-2

Questions and Answers

You are not logged in