Генералот во својот лавиринт

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: El general en su laberinto | Бр. на страни: 256 | Димензии: 20 | Корица: /

Најполитичкиот роман на Маркес ја раскажува трагичната приказна на генералот Симон Боливар – човекот кој се обиде да обедини еден цел континент. Боливар, во шест латиноамерикански земји познат како „Ослободителот“, е еден од најпрочуените јунаци на западната хемисфера. Во брилијантниот и единствен приказ на Боливар од страна на Маркес, тој е извонредно прикажан и со сите свои човечки мани. Романот го следи неговото последно патешествие по реката Магдалена кон морето во 1830 година, пронижано со потсетувања на сцени од некогашните славни времиња и со жалоста по загубениот сон за обединување на американските народи. Лишен од некогашната моќ, постојано под закана од атентат и предвремено остарен и изнемоштен од фатална болест, генералот сè уште е еден извонредно витален и темпераментен човек. Се чини дека она што го држи во живот е неверојатната сила на волјата што ја поседува, која во минатото е и клучот како за неговите победи на бојното поле, така и за неговите недобројни љубовни врски. Додека се движи низ сопствениот лавиринт, сочинет од моќта што сè повеќе слабее и од сеќавањата што сè посилно испливуваат на површината, тој ù пркоси на смртта до последниот здив.

Цена: 500 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Генералот во својот лавиринт

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-735-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Генералот во својот лавиринт”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in