Го имам служено англискиот крал

Publisher: Антолог | Language: македонски | Year: 2013
Original title: Obsluhoval jsem anglického krále | Num. of pages: 176 | Dimensions: 13х21 | Cover: /

Интересно, романот Го имам служено англискиот крал е напишан за помалку од еден месец со техниката на автоматско пишување. Текстот потоа е објавен без исправки како самиздат, а дури по падот на социјалистичкиот режим во 1989 година и во формат на книга. Овој роман ја раскажува приказната на Ditie, амбициозен но едноставен келнер во елитен хотел во Прага во годините пред Втората светска војна. Дити е поканет да го служи, не кралот на Англија, туку Хајле Селасие, императорот на Етиопија. Тоа е еден од најважните моменти во неговата биографија. Кога Гергманците ќе ја окупираат Чехословачка, се вљубува во фашистка-атлетичарка. После војната, продавајќи вредни поштенски марки конфискувани од Евреите, ги достигнува врвот на своите амбиции и гради свој хотел. Станува милионер, но со доаѓањето на комунизмот, губи сè и е испратен да биде надзорник на патиштата во планините. Во тешки услови, Дити е исправен пред неизбежноста на последниот час, но и тогаш го задржува стилот на голем комичар.

 

„Една од најавтентичните инкарнации на магичната Прага, неверојатен спој од бескомпромисен хумор и барокна имагинација.“

Милан Кундера

 

„Извонреден и суптилен трагикомичен роман... Храбал истовремено ја раскажал приказната на еден ништожник и историјата на Чехословачка. Преку нивните допирни точки открива сè што е важно во животот.“

Њујорк тајмс

 

Го имам служено англискиот крал е весела, пикарска приказна, која почнува со авантури во стилот на баронот Минхаузен, а завршува во солзи и во длабока осаменост, промена која е типична за најважните дела на Храбал.“

Џејмс Вудс, Лондонска книжевна ревија

 

„Комичен роман со огромна иновативност... шармантно, мудро, тажно и неочекувано смешно.“

Филаделфија инкваер

 

Бохумил Храбал (1914-1997) е една од најзнаменитите фигури на чешката проза од XX век. Роден е во областа Моравија како вонбрачно дете. Сменил многу професии, од пивар, железнички работник, театарски сценограф, нотарски писар, до уништувач на забранети книги. Сепак, не го напуштил творештвото. Умрел паѓајќи од четвртиот кат на прашката болница, обидувајќи се да ги нахрани гулабите.

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Го имам служено англискиот крал

Category:
SKU: 978-608-4507-58-1

Questions and Answers

You are not logged in