Големата вода
Author:
Живко Чинго
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Големата вода |
Num. of pages:
168 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
/
..Никогаш не се изгубува сликата на Големата вода. Со неа и копнежливата желба за Сентерлевиот рид како да добиваше реална смисла, како да беше возможен, остварлив на некој начин овој чудесен, волшебен сон. Големата вода е недофатлива, таа мора да е во срцето на човекот. Во неговиот сон.“ Во „Големата вода“ – роман за прв пат објавен 1971 г. − Живко Чинго ни раскажува за случувањата во домот за сирачиња „Светлост“, во времето веднаш по Втората светска војна, време на неред, сиромаштија и глад. Приказната ја гледаме и ја слушаме низ очите и гласот на Лем Никодиноски, и преку него се запознаваме со низа гротескни, но мајсторски изработено ликови: најдобриот пријател на Лем, Исак Кејтен, управителот на домот Аритон Јаковлески, воспитувачот, поет и спортист Трифун Трифуноски, ѕвонарот Анески, воспитувачката Оливера Срезоска... Покрај оваа плејада на маркантни и конкретни ликови, низ душата на Лем прострујуваат и клучните симболи на оваа приказна – Големата вода, Сентерлевиот рид и Ѕидот – обременувајќи го романот со вечно, општоважечко значење.
Романот во 2004 г. доби и филмска адаптација во режија на Иво Трајков.
Reviews
There are no reviews yet.