Горски цар
Author:
Мишел Турние
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Le roi des aulnes |
Num. of pages:
359 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
Романот Горскиот цар е роман на еден лик. Сите други се попатни, речиси неважни или малку разработени, освен можеби гиганскиот Нестор, за чие постоење, такво какво што е прикажано, понекогаш не можеме да бидеме сигурни. Пробивајќи се низ шумата од знаци и симболи, читателот е доведен во конфузна ситуација при восприемањето на ликот на Абел кој не може докрај да се подреди во вулгарните позитивни или негативни карактери. Раскажувачкото мајсторство на Турние ги надминува строгите диференцирања на главниот лик и за возврат нуди насетувања, оставајќи простор за сопствени заклучоци на читателот. Од една страна, писмото на Абел со целата своја превртена логика, сепак ни открива рефлексивно емотивен карактер, но не и манијакално чудовиште или еднозначна психологија. Читајќи го неговиот дел од текстот, напати имаме чувство дека нешто се премолчува, но не заради срам, страв или каење, туку заради убеденоста на раскажувачот во постоењето на она што го раскажува. Колку повеќе раскажува за Нестор, толку повеќе неговото реално постоење е доведено во прашање, особено кога, разгледувајќи ја групната фотографија на учениците од колеџот, не успева да го пронајде Нестор меѓу нив. Абел е убеден дека доаѓа на местото на злосторството, откако го слуша крикот на силуваното девојче, иако сите докази ја посочуваат негова вмешаност. Многу симптоматично и неубедливо е и случајното совпаѓање на замислениот и посакуван оган во колеџот и вистинскиот пожар. Од друга страна, ја имаме и перцепцијата на адвокатот Лефевр, пренесена преку нарацијата на Абел, кој го етикетира како ментален дебил, додека, пак, несезнаечкиот наратор во трето лице еднина нема намера да ја каже дефинитивната вистина./
Questions and Answers
You are not logged in