Градината на олеандрите
Автор:
Роза Вентрела
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Il giardino degli oleandri |
Бр. на страни:
309 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
тврда
Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“.
Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава.
Со постојано остар и прониклив поглед, речиси никогаш не препуштајќи се на нежност, со текот на годините Марџала станува сведок на смртта на нејзиниот сопруг, на почеток на војна и на растењето и созревањето на нејзините ќерки, со нивните несреќни љубови, горливи страсти, горчливи разочарувања.
Смирувачкото присуство на Марџала, обвиткано со нејзината непробојна тишина, е постојано тука да ги надгледува, дури и спроти најнепредвидливата судбина...
Семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени. Мирисот на волшебната земја, Апулија
Оценки
Сѐ уште нема оценки.