Градски и шумски приказни
Author:
Мимоза Петревска Георгиева
Publisher:
Темплум |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
/ |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
/
|
Cover:
/
Оваа збирка раскази жанровски флотира помеѓу зачудноста и реалноста. Со својата книжевна техника, стилски гест и структурата во која се распределени ситуациите и ликовите, авторката создава анти-идеологиски простор во кој секој читател може да го ‘реконструира’ своето животно искуство и резиме. Книжевната субверзија на ова дело е единствена од повеќе причини, а една од нив е начинот на акварелно и нежно исцртување на моќни но подземни социо-психолошки мотиви. Книжевните слики на ‘Градски и шумски приказни’ се проникнати со илустративниот имагинариум на шестмина македонски илустратори, со што добиваме едно комплексно книжевно-ликовно дело, кое со читателот комуницира „на прв поглед“. (Искра Гешоска) Мимоза Петревска Георгиева е новинарка со долгогодишно слатко-горко искуство во светот на македонските медиуми. Авторка е на книгата „Живот вреден за живеење“ и на едукативната детска сликовница „Иван и Илина“. Сопруга е и мајка на три ќерки: Илина, Бисера и Ангела. Автор(к)и на илустрациите во книгата: Горан Дачев, Бисера Георгиева, Маја Стефановска, Билјана Василева, Перо Георгиев и Ѓорѓе Јовановиќ.
Reviews
There are no reviews yet.