Грациела
Author:
Алфонс де Ламартин
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Graziella |
Num. of pages:
145 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
мека
„Грациела“ е еден од најубавите љубовни романи на романтизмот, а во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика. Алфонс де Ламартин (1790-1869) е една од најзначајните фигури на францускиот романтизам. Француската книжевна критика го смета за еден од најголемите поети и лиричари на сите времиња на Франција. Најмаркантниот дел од неговото творештво се поемите од неговата рана творечка фаза. Познат е по елегичната поезија, а романот „Грациела“ е меѓу најчитаните негови дела. Ламартин бил член на Француската академија на науките и уметностите, а се занимавал и со политика и бил влијателен политичар во своето време. Бил и министер за надворешни работи во Франција. Во својот политички живот учествувал во државниот удар на Наполеон Трети. Пишувал политички статии кои биле многу читани. Неколку години бил на дипломатска служба во Италија. Искуствата од периодот од својот живот поминат во Италија ги искористил за пишувањето на романот „Грациела“. Тој е опиен од сета живописност на преубавиот медитерански амбиент и дава прекрасни описи во романот. Приказната се однесува на едно несекојдневно топло и нежно младешко пријателство, коешто го опишува како една нереализирана, но силна и чиста љубов на младата Италијанка Грациела. Тоа е главната нишка околу која го плете дејството на истоимениот роман. „Грациела“, како и други дела на Ламартин, се базираат врз вистински настани од неговиот живот. Во приказната за нереализираната, но силна, искрена и чиста љубов на главниот лик – младата Италијанка Грациела, всушност, се искажани големата љубов и нестивнатата тага за рано починатата сопруга на авторот.
Questions and Answers
You are not logged in